речник контакт

Зошто се мачеше Блаже Конески?

Е да е жив Блаже Конески па да види колку го применуваат неговиот правопис....

lj lkjl

Знам, никој не зборува, правилно и литературно. Добро еве и јас сум таков тука нема ништо лошо. Нормално е, има многу различни дијалекти, а правопис учевме во основно, кој да се сеќава. Но кога веќе сакаме да објавиме некаква вест, на пример на интернет, редно е малку да размислиме што ќе напишеме. Истото треба да важи и за оние што оставааат коментари, можеби не до тој степен во правопис, но барем да не бидат вулгарни. Погледнете, скоро на сите македонски страници имаат можност за коментари, најчеста е пораката од типот: \"Почитувани читатели, Објавувањето на Вашите коментари на веб-страницата на \".......\" привремено ќе биде сопрено поради крајно вулгарната содржина на некои од нив. Редакцијата и понатаму ќе ги прима пораките и со внимание ќе ги следи вашите предлози и забелешки. Ве молиме за разбирање и очекуваме наскоро проблемот да биде решен. Од Редакцијата\". Лесно е да изнатропаш глупости а да не се потпишеш, но тоа не е во ред ни најмалку. Жалосна слика за нашата интернет култура. Еве еден лош пример како не трба да биде напишан еден текст што е објавен на официјална интернет страница: \"Богатата наследничка на комплексот хотели [b]се беше сликала[/b] на плажата Малибу, фото - сесијата требаше да ја прикаже како секси. За да нема место за утка искусната „порно актерка“, го соблече горниот дел од костимот [b]и ја покажа својата лева [em]болска, града, дојка[/em] или ако повеќе сакате [em]цицка[/em] [/b].\" [url=www.idividi.com.mk/stil/Woman/350111/index.html]Еве го и целиот текст онака како што е објавен[/url] За жал ова е само еден пример. Да беше блог, ај да простевме, но на официјална интернет страна, која би требало да биде репер за другите во Македонија...??? А пак во продавниците мошете да купите: кравјо,кравско, крављо, кравечко, кравешко сирење, може да бирате помеѓу јајца и јајциња, помеѓу јагнечо и јагнешко. Леле, леле пак огласник да отворите, па таму има најразлични чуда, се и сешто. Иста слика насекаде окулу нас, во било кој сегмент , за жал.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »